На вториот ден од тридневниот штрајк во примарното здравство, министерот за здравство Беким Сали информира дека само мал дел, односно само 25 отсто од матичните лекари во земјава во моментов се во штрајк.
„Не сите матични лекари односно лекарите од примарно ниво штрајкуваат. Очигледно ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел а тоа се 25 отсто од матичните лекари“, вели Сали.
Како што посочи министерот, две од трите поголеми здруженија на матичните лекери во земјава не се дел од штрајкот и не се вклучиле во изразување на, како што вели, изразување на таков вид на бојкот на работа во којшто жртви односно подебелиот крај го извлекуваат пациентите, а не системот.
„Ова не е протест, ова е штрајк со тридневно изразување револт кон политиките кои што ги практикува односно ги прави Министерството. Јас и во минатиот период повикав на разбирање и на заедничка соработка затоа што пациентите не треба да бидат жртва на одредени политики кои доцнат“, рече Сали.
Измени во системот, како што потенцира министерот, се прават преку разговори, а не преку штрајк во којшто пациентите се тие што патат.