169 училишта добија согласност за настава со физичко присуство и во повисоките одделенија.
Дозвола за редовна настава од 1 ви октомври добија само 4 средни училишта – средното земјоделско училиште во Битола Кузман Шапкарев, каде ке се организира настава во две смени за ученици од прва до четврта година и приватно интернационално училиште во Скопје, за сите 4 години. Согласнот добија и средните училишта за ученици со посебни образовни потреби Државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ во Гази Баба и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Кисела Вода, објавува Сител.
Стручните предмети со физичко присуство ке можат да ги следат само неколку средни музички и уметнички училишта во земјава, мегу кои балетското во Скопје, музичките во Скопје и Штип, и училиштето за променета уметност Лазар Личеновски во скопскат општина Центар.
Согласност за реализација на стручните предмети и е дадена и на Спортска академија Центар согласно одобрените протоколи на соодветната федерација.
Средношколците за ваквите состојби ја обвинуваат владата дека не инвестирала во средното образование и затоа тие во моментов немаат услови за физичка настава.
Капацитетите во студентски и средношколските домови исто така ке биде намалена за 50 проценти, а на оние кои ке им биде одбиено сместување ке добиваат надомест за престој и превоз.