Само 44 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 564 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 32, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Кратово – 1.

Од вкупниот број на позитивни (44), има 13 реинфекции.

Регистриран e 81 оздравен пациент од: Скопје – 52, Прилеп – 10, Битола – 7, Куманово – 3, Охрид и Штип – по 2, Тетово, Велес, Струга, Радовиш и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, евидентирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Кавадарци (1). Лицата се на возраст од 62 до 79 години. Сите починале во домашни услови, во периодот од 03.10 до 18.10.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.179.129 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.800, на оздравени пациенти е 333.960, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 281.