Мал број на Бугари во Македонија вчера изглегоа на избирачките места за да го остварат своето право на глас. Според податоците на 4NEWS.mk само 461 гласач отишле до избирачките места и го дале својот глас.
Најголем број на гласачи имало во Скопје (172), па следува Кавадарци (68), Струмица (67), Охрид (56), Битола (53), Прилеп (33) и во ново-отвореното гласачко место во Велес најмалку односно само 12.