Само бод за Атлетико кај последниот Еспањол

Фудбалерите на Атлетико Мадрид одиграа во неделата во 26-то коло од шпанското првенство само 1:1 кај „фенерџијата“ Еспањол, оддалечувајќи се од водечкиот тандем.

Еспањол поведе со автоголот на Стефан Савиќ во 24 минута, а израмни Саул Нигуез во 46 минута. Атлетико Мадрид сега има 44 бодови и е четврти на табелата, два бода помалку од третата Севилја, односно девет и 11 помалку од Реал односно Барселона. Еспањол е последен со 20 бодови, пет помалку од местата кои гарантираат опстанок.

Атлетик Билбао со голот од пенал во 56 минута на Раул Гарсија го совлада Вилјареал. Атлетик е десетти со 34 бодови, а Вилјареал е осми со четири бодови повеќе.

Претходно во неделата Севилја со голот на Јусеф ен-Несри во третата минута од судиското продолжение на свој терен славеше со 3:2 над Осасуна. Ен-Насри беше стрелец за водство на Севилја во 13 минута, а во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме водството го удвои Лукас Окампо. Кога во 54 минута од игра беше исклучен Серхио Херера Пирон, се чинеше дека домашните ќе забележат убедлива победа, но Осасуна дојде до израмнување со погодоците на Аридане Ернандез Умпиерез во 64 и реализираниот пенал на Роберто Торес Морале десет минути подоцна, а трите бода ги обезбеди Ен-Насри.

Севилја така успеа да го искористи киксот на Атлетико и да се осами на третата позиција со 46 бодови, а Осасуна 12-та со 31 бод.

Вечерва играат уште Мајорка и Хетафе, и Реал Мадрид – Барселона.