Само една жена знаеше како да го заведе Шон Конери

Британскиот глумец и продуцент Шон Конери зад себе остави кариера долга 50 години. Во 2003 година, одлучи да се пензионира и со сопругата живееја на Бахамите.

Профимедиа

Името Шон Конери инспирира на неверојатен шарм и харизма. Сите мажи сакаа да бидат како него, а секоја жена сакаше да го освои неговото срце. Меѓутоа, само една жена знаеше како се заведува Шон Конери. Француската уметница Мишелин Рокуебруне Конери доби „џекпот“ кога се омажи за Шон Конери. Нивната љубов траеше повеќе од 40 години.

Се запознале во 1970 години на голф турнир во Мароко. Тоа било љубов на прв поглед.

Во едно интервју за Сан Конери изјави дека молња го погодила на лице-место кога ја запознал својата сопруга. Веднаш ја нарекол „моја сакана“.

EPA POTO WPA POOL/Rui VIEIRA/STR/rv-jl

Иако почетокот на нивната љубовна приказна наликува на холивудска бајка, далеку од тоа дека животот им бил совршен.

Прочитајте и…  За многумина тој е единствениот Џејмс Бонд: Почина легендарниот Шон Конери

Шон Конери бил оженет со австралиската глумица Дијана Силенто, со која го има синот Џејсон, а Мишелин зад себе имала два брака и три деца.

Двајцата имале лошо искуство кога љубовта е во прашање, но кога се запознале не можеле да одолеат да не пробаат уште еднаш.

Профимедиа

– Прво го видов Шон со завртен грб. Прво помислив колку е величествен. Не ни знаев дека тоа е познатиот глумец. Не ни знаев како се вика. Беше неверојатно, таа ноќ го сонував. Ме носеше на раце и бев пресреќна. Утрото се разбудив и помислив дека сѐ ќе биде како што треба. И се случи – отидов на голф турнир, ги сретнав неговите очи и се вљубив за цел живот – раскажа Мишелин.

Прочитајте и…  ВИДЕО: Погледнете како изгледала Карлеуша кога имала 17 години

Но после оваа судбоносна средба и двајцата се вратиле на тогашните партнери и го продолжиле животот. Две години подоцна Мишелин добила писмо од Шон. Ја викнал да се најдат во Шпанија, во Марбеља.

Профимедиа

Нејзината прва реакција била „Што мисли тој, кој е?“.

Но штом го одбила состанокот, добила нова порака:

„Ми недостигаше… Не можам да престанам да мислам на тебе“.

И тогаш срцето ѝ се стопило. Иако живеела со друг маж, не можела да престане да мисли на Шон.

Постоела уште една пречка – вљубениот пар зборувал на различни јазици. Шон не знаел француски, а Мишелин не знаела англиски. Но тоа не им пречело. Кога новинарите го прашале Шон како комуницираат, тој тогаш одговорил „Постои уште еден јазик – говор на телото!“.

Со години биле раздвоени на различни континенти, зашто Мишелин живеела во Северна Африка, а Шон во Холивуд.

Прочитајте и…  Најстариот пингвин влезе во Гинис: Олде наполни 41 година! (ФОТО)

– На почетокот ретко имавме прилика да се гледаме. Мишелин со децата живееше во Африка, а јас патував низ светот снимајќи филмови. Еднаш стоевме на аеродром во различни редови. Го гледав редот каде што беа видливи само нозете. Ги препознав нејзините и отрчав во другиот ред за да се сретнеме. Би ја препознал меѓу стотици!, се присетуваше Шон Конери.

Се венчаа во мај 1975 година, а во текот на 90-те години се преселиле на Бахамите.

Профимедиа

– Мишелин е најневеројатната жена на земјата. Заедно сме речиси 45 години и со сигурност можам да кажам дека таа е љубовта на целиот мој живот. За мене нема поголема радост кога ќе ја видам. Се уште одиме на романтични состаноци, зборуваше Шон Конери.

Профимедиа
Профимедиа