Само функционери на СДСМ го гледаа мечот Македонија – Данска

Фотографија од Владимир Темелковски, братот на градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, од синоќешниот ракометен натпревар во Скопје предизвика негативни реагции во јавноста, поради забраната за публика на спортските настани, објави Фактор.мк.

Покрај градоначалникот на Кисела Вода, на фотографијата се уште и пратеникот Дарко Каевски, поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Ѓорѓи Галетановски, директор на скопската ЗОО, и Филип Андонов Сокол, директорот на затворот во Шутка.

Македонија го победи светскиот шампион Данска со 33-29 во квалификацискиот натпревар што се играше во салата „Борис Трајковски“.