Само Никсон имал помала поддршка од Обама

Според резултатите на последните истражувања, популарноста на американскиот претседател Барак Обама е на најниско ниво од администрацијата на Ричард Никсон во 70-тите години од минатиот век.

Анкетата, која заеднички ја направија „Вашингтон пост“ и „Еј- Би- Си Њуз“ говорат дека популарноста на Обама е 43 отсто што е за 11 отсто помалку за разлика од истиот период лани.

Податоците покажале дека 55 отсто до Американците не се задоволни од работата на својот претседател, што е значаен пораст во однос на минатогодишните 42 отсто.

Освен тоа, поддршката на Обама е пониска од онаа на Џорџ Буш во истиот период на неговиот втор мандат.

Пред истекот на петтата година помината на чело на САД, околу 47 отсто од Американците ги поддржувале неговите постапки или за четири отсто повеќе од Обама.