Само петмина од водечките кандидати за иден претседател на Европската комисија го потврдија учеството на дебатата во Европскиот парламент во Брисел, закажана за 23 мај.
На дебатата ќе учествуваат Урсула фон дер Лајен (Европска народна партија, ЕПП), Никола Шмит (социјалисти и демократи), Валтер Баер (европска левица), Сандро Гоци („Обнови ја Европа“), Тери Рајнке („Зелени“). На дебатата на 29 април во Мастрихт учествуваа осум кандидати, а од нив повторно ќе се појават само двајца – Фон дер Лајен и Шмит. Тогаш во трката се вклучија и претставници на Европското христијанско политичко движење, Европската слободна алијанса и групата „Идентитет и демократија“.
Предвидено е учесниците да одговараат на прашања од присутните на лице место и во претставништвата на ЕП во земјите на ЕУ, како и поставени онлајн. Главните теми ќе бидат прецизирани на 16 мај, се додава во соопштението.
По дебатата во Мастрихт, гледачите прв го прогласија кандидатот на „зелените“ Бас Ејкут, а втора Урсула фон дер Лајен (ЕПП).