Само во Тетово за пребрзо возење казнети 47-мина

Денеска (07.09.) полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 47 возачи. Од нив, 10 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената. 28 санкции се изречени на територија на Тетово, а 19 на територија на Гостивар.