![izbori kosovo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/izbori-kosovo.jpg?resize=696%2C440&ssl=1)
Партијата Самоопределување освои најмногу гласови на парламентарните избори во Косово, покажуваат излезните анкети.
-Левичарската партија освои најголем дел од гласовите – 42 проценти, соопштија анкетарите од Институтот Пипос по затворањето на избирачките места во 19 часот.
Според излезните анкети, долгогодишната владејачка партија ПДК (Демократска партија на Косово), освоила 16,5 проценти од гласовите, а конзервативната ЛДК (Демократска лига на Косово) 15 проценти од гласовите.