Сергеј Самсоненко е новиот сопственик на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, откако на денешниот нов јавен повик на Град Скопје и на АДССДП, официјално даде понуда за откупување на мнозинскиот пакет на акции на ФК Вардар.
Рускиот бизнисмен во следните десет години ќе управува со актуелниот шампион на Македонија, а најверните фанови се убедени дека новиот сопственик ќе вложи многу повеќе од критериумите кои беа пропишани во јавниот оглас, според кои тој е обврзан секоја година да инвестира најмалку еден милион евра.
Акциите кои до денеска беа сопственост на Град Скопје и на АДССДП, Самсоненко ги откупи за сума од 81 илјади евра.
За очекување е во следните неколку дена, Самсоненко да го состави новиот Одбор на директори, да именува нов претседател, нов извршен директор и нов спортски директор.