Санчез Флорез ќе го смени Иеро на клупата на Шпанија

По елиминацијата на Шпанија од Светското првенство во Русија, која загуби на пенали во осминафиналето од домаќинот, медиумите веќе нагаѓаат кој ќе го замени Фернандо Иеро на селекторската позиција.

Шпанската фудбалска федерација неколку дена пред почетокот на Светското првенство го отпушти селекторот Лопетеги, поради потпишување на договор со „Реал“, па на негово место беше назначен Иеро.

Медиумите на Пиринејскиот Полуостров шпекулираат дека Кике Санчез Флорес е најблиску до селекторската позиција. Поранешниот тренер на „Еспањол“, „Ватфорд“, „Атлетико“, „Хетафе“ и „Валенсија“ нема клуб, а според медимуите, тој има вистински профил на тренер каков што сака шпанската Федерација.

Клучните луѓе на шпанскиот фудбал мислат дека Санчез Флорез е човек кој има искуство и кој може да ги донесе потребните реформи во шпанскиот национален тим. Поранешниот фудбалер на „Валенсија“ и на „Реал Мадрид“, исто така, никогаш не ја криеше својата голема желба да ја води „Црвената фурија”.
аа година.