Санчез продаден на Арсенал за 40 мил. евра

Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, најпосле успеаа во намерата да ги осигураат услугите на чилеанскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Алексис Санчез.

Двата клуба најпосле најдоа заеднички јазик околу обештетувањето на 25-годишниот крилен напаѓач кое нема да биде помало од 40 мил. евра.

„Среќен сум што потпишав за еден толку голем клуб каков што е Арсенал. Среќен сум што ќе соработувам со толку добри фудбалери и со трофејниот менаџер Арсен Венгер. Чест е да се игра на еден ваков фудбалски храм, да се игра пред верните фанови на Арсенал. Со нетрпение го очекувам стартот на новата клупска сезона, стартот на натпреварите од Лигата на шампиони. Сакам да ја оправдам укажаната доверба, сакам да ги израдувам најверните фанови”, изјави Санчез.