![leroj sane](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/leroj-sane.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Напаѓачот на Баерн, Лерој Сане пред натпреварот од Лигата на шампионите со Динамо Киев проговори за состојбата по повредата.
-Се обидувам да ја преточам негативната енергија во позитивна. Сега во однос на физичката подготвеност се чувствувам многу добро, влегов во добар ритам. Сакав да покажам што можам и да се вратам на нивото на кое бев пред повредата. Повторно постигнав добар напредок, изјави Сане за официјалната веб-страница на Баерн.
Натпреварот Динамо – Баерн ќе се одигра утревечер со почеток во 18:45 часот.
По четири кола во Е-групата во Лигата на шампионите, лидер е Баерн со максимални 12 бода, Барселона е втора со 6, Бенфика има 4, Динамо Киев е последен со 1 бод. (МИА)