Доколку Србија не и воведе санкции на Русија нема да влезе во ЕУ, објавува српскиот весник Новости, повикувајќи се на извори од Брисел.
Според весникот, Белград добил ултиматум до септември да се изјасни дали ќе и воведе санкции на Русија или ќе ја задржи досегашната неутрална позиција.
Под ултиматум се ставени дури и инвестициите, а притисокот се зголемил по падот на малезискиот авион.
Западот директно побарал Србија да расчисти со себе – дали ќе застане цврсто покрај ЕУ и САД или ќе продолжи паралелно да ги негува и односите со Москва.