
Полициски службеници од СВР Охрид денеска во периодот од 10 до 15 часот спроведоа зајакната акциска контрола на територијата на СВР Охрид за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 59 возачи.
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека најголем дел од санкциите се изречени во Струга-25, потоа во Дебар-15, Охрид-11….
Засилените акциски контроли продолжуваат, посочија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.