Санкционирани 91 возач во Скопје, 30 од нив за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречена е вкупно 91 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, шест санкции за возење без возачка дозвола, две за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се две санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 31 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.