Сарацин: Македонија ќе се најде под голем притисок на дезинформациите од Русија, ќе мора да добие датум

Предлогот на Европската комисија Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус во ЕУ е добар и за земјите од Западен Балкан, зашто покажува дека геостратешкото значење на проширувањето на ЕУ уште постои и дека доаѓа до придвижување на процесот, вели Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан, во интервју за ДВ.

Сарацин е сигурен дека Македонија наскоро ќе се најде под голем притисок на дезинформациите од Русија, па затоа смета дека ќе биде неопходно земјата да добие датум за отпочнување на преговори со Европската Унија.

Сарацин вели и дека е скептичен кон иницијативата Отворен Балкан, за што вели дека е паралелен процес.