Сарацин: Србија може до членството во ЕУ само со признавање на Косово

Специјалниот пратеник на Германија за западен Балкна, Мануел Сарацин изјави во четвртокот за белградските медиуми дека Србија не може да стане членка на Европската унија сѐ додека не ја признае независноста на својата јужна покраина Косово и Метохија, којашто со поддршка на Западот во 2008 година еднострано прогласи независност, но ни без „слободни медиуми и демократија“.

Прогласената од страна на албанското мнозинство Република Косово, сѐ уште не може да добие целосно меѓународно признавање, не ја признаваат и пет земји членки на ЕУ, без изрична согласност на Србија според Резолуцијата 12344 од 1999-та на Советот за безбедност при Обединетите нации.

Властите во Белград посочуваат дека интензивираните притисоци врз Србија да ја признае косовската независност е со цел Западот да ги избие адутите на Западот на Москва во врска со самопрогласените независности на доминантно руските региони од југоисточна Украина во заднината на сегашната руска инвазија во која таквите територии изгласаа приклучување на Руската Федерација.

Германскиот пратеник Мануел Фердинанд Теодор Сарацен, од екстремната коалиција на Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) за српскиот опозициски весник Nova, кој се печати и се финансира со пари на поранешни српски функционери од странство, го истакнува „многу јасниот став“ на Германија дека пред крајот на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, кога Србија ќе се реши да ѝ се приклучи на ЕУ, признавањето на независноста на Косово ќе биде дел од процесот.

На прашањето за тоа кога ткн Француско-германски предлог за решавање на статусот на Косово, кој во меѓувреме е прифатен и како предлог на ЕУ, ќе ѝ биде претставен на јавноста, Сарацин сугерира дека „подобро е прво да се создаде атмосфера на доверба и разбирање“ во којашто челниците на двете страни „може да зборуваат без размислување дека нешто ќе биде објавено“.

Сарацин, на што сигурно жестоко ќе реагира официјален Белград, предизвикувачки вели дека „разбира дека за граѓаните и иднината на двете земји“ тоа е „многу важна тема“.

„Меѓутоа, имајќи предвид дека предлогот не е објавен, јавната дискусија се сведува на поединечни шпекулации и информации кои неретко не се точни“, изјави германскиот дипломат.

Француско-германскиот предлог за решавање на косовското прашање, коешто Европската унија го смета за „едно од најсериозните“ во изминатата деценија преговори на највисоко ниво, последните месеци сѐ почесто се споменува, но поединостите од тој предлог ниедна страна не сака да ги потврди.

Според досегашните медиумски написи во кои се тврди дека имале увод во предлогот, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц сакаат „целосна нормализација на односите меѓу Србија и Косово“, што се толкува како желба за меѓусебно признание, можеби не во целост дејуре формат, но во мерка којашто Србија „ќе ја прифати реалноста за независноста на Косово“. Белград решително го отфрла тој предлог, посочувајќи дека Србија не може нејзината територија да ѝ го признае постоењето и оти тоа е нонсенс во меѓународните односи.