Министерот за економија Ваљон Сараќини заедно со градоначалникот на Општина Дебар, Ружди Љата и претставник на компанијата-инвеститор, ќе извршат надзор на текот на реализацијата на новата инвестиција вредна шест милиони евра, за која се најавени 70 нови вработувања, од страна на хрватскиот инвеститор – „Мали Лошињ“ д.о.о, со седиште во Скопје.
Инвеститорот, досега вложил 1,5 милиони евра и ангажира 15 работници.