-0.2 C
Skopje
недела, ноември 24, 2024

Сарамандов: Гевгеличани добиваат уште едно модерно мултифункционално спортско игралиште „Партизан“

Гевгеличани добиваат уште едно модерно мултифункционално спортско игралиште „Партизан“, објави Андон Сарамандов, градоначалник на општина Гевгелија

Во продолжение следува неговата објава:

Голема е честа за мене како Градоначалник денес да означам нов почеток  на една стара гевгелиска приказна. Ова игралиште на ДТВ „Партизан“ буди многу спомени кај старите гевгеличани, овде во минатото се играле ракометни и кошаркарски натпревари.

Изминатиот период вложивме големи напори за исполнување на сите потребни услови за реализација на овој проект.

Општина Гевгелија со средства од сопствениот буџет во износ од 1.300.000 денари ја асфалтираше старата асфалтната подлога и ги изврши сите припремни работи. Ова модерно игралиште доби нова тартан подлога, ново оградување по сите стандарди, поставени се голови за фудбал, како и кош за баскет 3х3.

Сакам да изразам голема благодарност до Државна видеолотарија на Македонија за донацијата од 3.000.000 денари и за нивната иницијатива и општествена одговорност. Верувам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму, и дека во иднина ќе размислуваме и за други проекти кои се од значење за Гевгелија.

Како градоначалник,  се обврзав дека ќе вложуваме во спортската инфраструктура, од таа причина во изминатиот период беа обновени повеќе спортски игралишта и терени на територијата на општина Гевгелија. Во иднина ќе продолжиме со вложување во нова спортска инфраструктура за да овозможиме правилен развој на нашите деца.