![sari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/sari.jpg?resize=696%2C450&ssl=1)
Италијанските медиуми објавија дека Маурисио Сари не смета на четири имиња во иднина. Се работи за Матиа Перин, Сами Кедира, Моисе Кин и Блејс Матуди, кои се ставени на трансфер листата и за кои клубот чека понуди.
На спротивната страна, Сари го променил мислењето за Гонзало Игуаин, па на Аргентинецот ќе смета и понатаму. Доказ за тоа е минутажата која напаѓачот ја доби на тест-мечевите и улогата која ја имаше во тимот.