Судот во Србија му изрече казна затвор во траење од 20 години на наркобосот Дарко Шариќ.
Шариќ е обвинет за криумчарење на 5,7 тони кокаин од Латинска Америка во западна Европа. Одлуката беше соопштена без присуство на Шариќ и неговиот адвокат кои најавија тужба за пресудата.
Повеќегодишни казни добија и други членови од групата која криумчарела дрога.