Саркози испрашуван поради либиското финансирање на претседателската кампања во 2007-та

Nicolas Sarkozy, ancien prŽsident de la RŽpublique Franaise et prŽsident du Parti Les RŽpublicains durant une interview avec des journalistes du monde au siŽge de son parti.

Поранешниот француски конзервативен претседател Николас Саркози кој беше приведен во вторникот е испрашуван поради наводи дека неговата изборна кампања во 2007 година била финансиране од Либија во време на сега покојниот соборен авторитарен челник Моамер ел-Гадафи.

Париското обвинителство засега не се огласи со соопштение за јавноста, а авокатот на Николас Саркози не е достапен за коментар за медиумите.

Извор близок на истрагата за агенцијата Reuters потврдил дека станува збор за случајот на финансирањето на претседателската кампања на Саркози од Либија во 2007 година.

Електронското издание на дневниот весник Le Monde, Саркози утрото во вторникот бил притворен во просториите на судската полиција во Нантер, недалеку од Париз, каде што бил повикан како дел од истрагата за можно финансирање од Либија не неговата претседателска кампања во 2007 година.

Порталот Mediapart истакнува дека против поранешниот претседател на Петтата Република може да биде покренато обвинение за корупција, за трговија со влијание, за проневера на државни пари и за затајување данок.

Франција во 2013 година отвори истрага по наводите дека успешната претседателска кампања на Саркози тогаш користела средства од незаконско потекло, обиени од егзекутираниот во 2011 година либиски претседател Моамер ел-Гадафи. Истрагата ја води Централнито биро за борба против корупцијата и финансиските и фискални малверзации во Нантер.

Поранешниот министер и близок соработник на Саркози, Бри Ортефо, исто така, беше приведен на полициско сослушување во вторникот во врска со истата истрага.

Саркози претходно во повеќе наврати го демантираше незаконското финансирање на неговата кампања и ги отфрли наводите за либиското финансирање како „гротескни“.

Во јануари годинава во Велика Британија беше уапсен француски бизнисмен Александр Жури, осомничен за префрлање пари од Гадафи на сметката на кампањата на Саркози, но беше ослободен со кауција по појавувањето пред судот во Лонон. Истрагата во Франција се сомнева дека Жури е една од главните фигури во случајот на можно либиско финансирање на кампањата на Саркози.

Саркози веќе го очекува и судење во одвоен случај кој се однесува, пак, на финансисрањето на неговата неуспешна претседателска кампања во 2012 година кога беше победен од социјалистот Франсоа Оланд.

Информациите за наводното исплати на сметката на кампањата на Саркози први ги објавија пореволуционерните власти во Либија во почетокот на март 2011 година. Покрај тоа и синот на соборениот Гадафи, Сеиф ал-Ислам, во интервју за телевизискиот канал Euronews, побара тогашниот француски претседател Саркози да признае дека добивал пари од Либија. Подоцна, независни француски новинари започнаа сопствени истраги кои ги потврдуваат овие наводи. Самиот Саркози за сето време категорично ги отфрла сите вакви обвинувања.