Сашко Георгиев избран за нов претседател на Судскиот совет. Со 8 гласа ЗА и 4 Против. Поранешната претседателка Весна Дамева не присуствуваше на седницата, си замина пред почетокот, јавува нашиот репортер.
Изборот следува откако пред два дена седницата беше одложена, бидејќи членовите не можеа да ги соберат потребните осум гласа за избор на нов претседател. Осмиот глас денеска го дала судијката Тања Чачарова Илиевска, која гласала ЗА да профункционира Советот.
Сашко Георгиев следнува на местото на Весна Дамева која беше разрешена од функцијата по тензична седница на Судскиот совет, која се одржа пред 10 дена.
Караниците кулминираа во моментот кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање, пришто седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.