Сашо Орданоски добил безбедносен сертификат „државна тајна“

Безбедносните сертификати се издаваат на сите лица за кои постои потреба за пристап до класифицирани информации на Република Македонија до степен Доверливо и нагоре вклучувајки ги и новинарите.

Новинарот Сашо Орданоски добил безбедносен сертификат со кој тој ќе може да има пристап до класифицирани информации со степен „Државна тајна”, обајви Канал 5.

Оваа информација за Канал 5 ја потврдиле од Дирекцијата за Безбедност на Класифицирани информации. Велат дека новинарите, како и други физички лица  според законот можат да добијат сертификат доколку тоа го побара некоја институција, и доколку биде исполнет принципот „Потребно е да знае“.

Безбедносните сертификати се издаваат на сите лица за кои постои потреба за пристап до класифицирани информации на Република Македонија до степен Доверливо и нагоре вклучувајки ги и новинарите. Потребата за пристап до класифицирани информации на РМ ја одредува создавачот на информацијата и по утврдување на потребата се врши распределување на класифицираните информации до сите лица за кои создавачот ја утврдил потребата за пристап, велат од Дирекцијата за Канал 5.