Сасуоло во Торино го сопре Јуве, Интер на врвот

ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Сасуоло приредија изненадување во редбата од 14-то коло од италијанското првенство одигрувајќи во Торино 2:2 со актуелниот шампион Јувентус, што го искористи Интер кој потешко од очекуваното го совлада дома со 2:1

Гостите му пружија голем отпора на досега водечкиот тим на табелата, дури и водеа и со 2:1, но немаа сили да издржат до крајот. Меѓутоа, и бод во Торино е голема работа, бидејќи „Старата дама“ оваа сезона на свој терен нанижа девет победи, а Сасуоло е првиот кој непоразен го напушти теренот. Воедно тоа беше и првото реми во меѓусебните дуели по седумте последователни победи на Јувентус.

Домашните поведоа во 20 минута со убавиот погодок на Леонардо Бонучи, но само две минути подоцна израмни Џереми Бога по одличната асистенција на Франческо Капуто. Сасуоло потоа направи пресврт со вториот погодок на Капуто во 47 минута, а Јуве израмни со голоте на Кристијано Роналдо кој реализираше пенал во 68 минута. Во финишот домашните тргнаа со сите сили по третиот гол и трите бода, но гостите издржаа во прв ред благодарејќи на голманот Стефано Турати кој имаше неколку одлични интервенции.

Интер до предноста од 2:0 дојде со головите на Лаутаро Мартинез во првото полувреме. Атргентинецот првиот гол го постигна во 16 минута, а на 2:0 зголеми во 41 минута. Гостите од Ферара во 51 минута намалија преку Матео Валота, но Интер до крајот успеа да ја одбрани предноста.

Интер сега е на првото место со 37 бодови, еден повеќе од Јувентус. Сасуоло е 13-ти со 14 бодови, а СПАЛ останува претпоследен 19-ти со 9 бодови.

Милан успеа да слави на гостувањето кај Парма со голот на Тео Ернандез во 88 минутам, и сега е 11-ти со 17 бводови, еден помалку од деветтата Парма.

Лацио се зацврсти на третото место со 30 бодови благодарејќи на сигурната победа од 3:0 пред своите навивачи против Удинезе. Двоен стрелец беше Чиро Имобиле во 10 и 37 минута од пенал, а пенал реализираше и Алберто Луис во последните моменти од првото полувреме. Удинезе моментално остана 15-ти со 14 бодови.

Подоцна во недела играат Наполи – Болоња и Верона – Рома, а во понеделникот колото ќе го затворат Калјари и Сампдорија.