Саудијките ќе може да служат воен рок

Саудиските власти им дозволиле да жените да служат во вооружените сили на земјата, во рамките на националната стратегија „Визија 2030“, која повикува на зацврстување на статусот на жените и нивно активно учество на сите нивоа, пренесува во четвртокот весникот Asharq al-Awsat, повикувајќи се на саудиското министерство за одбрана.

Според новинскиот извештај, отсега жените ќе може да служат во сите родови на армијата, во чинови од војник до наредник. Иако приемот на жените во безбедносните сили не е новина, тоа е првото за кое се овозможува учество во четирите родови на вооружените сили на Саудиска Арабија, преку воени чинови. Во текот на минатата 2018 година, на Саудијките им беше овозможено да служат во редовите на силите за јавна безбеднот, како и во одделите за наркотици, за затвори и криминални истраги и во цаината.

Поранешниот шеф на Центарот за операции на цивилната одбрана, Хасан ал-Шахри, во својот коментар за весникот ја оценува одлуката како „прогресивен чекор во вистинската насока“. Според него, се отвораат „широки можности“ за жените во саудиските вооружени сили.

До неодамна Саудиска Арабија важеше не само за најзатворената земја во арапскиот свет, туку и за најконзервативната по прашањата на правата на жените. Саудиската монархија, која го практикува ригидниот облик на вехабитскиот ислам, им наложуваше на жените да се придржуваат до пуританските норми на исламот. Со доаѓањето на власт на кралот Салман бен Абделазиз ал-Сауд и неговиот син престолонаследникот Мохамед бин Салман ал-Сауд, ситуацијата радикално се промени. Главниот двигател на прогресот беше усвоениот план „Визија 2030“, збор од економски и социјални реформи, кои особено влијаат врз статусот на жените и им овозможуваат да станат полноправни членови на општеството.