Саудиска Арабија ја укина смртната казна за малолетните сторители на кривични дела, соопшти во неделата Комисијата за човекови права (HRC), повикувајќи се на декрет на кралот Салман,
„Според декретот, ниеден малолетник кој ќе изврши кривично дело не може да биде осуден на смртна казна. Наместо тоа ќе мине најмногу 10 години во малолетнички затвор“, соопшти претседателот на комисијата, Авад Алавад.
Засега не е познато кога кралскиот декрет ќе стапи на сила.
Саудиска Арабија, во којашто почитувањето на човекови права традиционално е остро критикувано од меѓународните организации за заштита на човекови права, е особено под лупа по грозоморната ликвидацина на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во декемри 2018-та. Таа е една од земјите со најголем број извршени казни по Иран и Кина, наведува Amnesty International во годишниот извештај.
Во монархијата во која кралското семејство го практикува ригидниот вехабитски облик на исламот во текот на 2019 година се погубени 184 лица на брутален начин, од кои најмалку еден бил малолетник, според споменатата организација.
Во април 2019 година во саудската сунитска монархија беа обезглавени 37 мажи осудени за наводен тероризам. Обединетите нации тогаш објавија дека повеќето меѓу нив биле шиити од мнозинската богата со нафта покраина, кои немале праведно судење и оти меѓу нив имало најмалку тројца малолетници.
„Ова е важен ден за Саудиска Арабија. Декретот ни помага во воведувањето на помодерен кривичен закон и ја покажува доследноста на кралот кон клучните рефорни во сите сектори во нашата земја“, изјави Алавад.
Најавата следи само два дена откако со одлуката на Врховниот суд во Ријад беше укината казната со камшилување. Овој вид казнување ќе биде замената со затворска или парична казна.
Смртната казна над малолетни сторители на кривични дела е спротивна на Конвенцијата за правата на децата која ја ратификуваше и Саудиска Арабија.
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, по острите критики и закани од западните сојузници за брутални пресметки со политичките противници во земјата, покрена низа социјални и економски реформи чија цел е да ја модернизира монархијата којашто ќе биде прифатена во светот.