Украина доби хуманитарна помош во вредност од 94 милиони евра од Саудиска Арабија, вклучувајќи ги и многу потребните генератори, по серијата руски ракетни напади врз украинските постројки за производство на електрична енергија.
Хуманитарната помош опфати 135 моќни генератори со енергија од 20 до 400 киловати, термални ќебиња и средства за хигиена“, напиша шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Ермак на својот Telegram канал. Киев е исклучително благодарен за помошта, додаде.
Според Еермак, помошта донесена во земјата со три транспортни авиона ќе биде дистрибуирана во шест украински региони каде што илјадници луѓе ќе имаат корист од неа.
„Хуманитарната помош е знак на солидарност и поддршка што постои меѓу двете земји“, додаде Јермак.
Како што беше најавено кон крајот на февраури, Саудиска Арабија ѝ вети хуманитарна помош на Украина во вредност од 410 милиони американски долари, според изјават саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Фархан Ал Сауд кој тогаш одржа прес-конференција во Киев по неговата средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Саудиската помош во Киев велат дека има и голема симболична вреднос, бидејќи Украина и нејзините западни сојузници предводени од САД цела година безуспешно се обидуваат да влијаат врз владите на земји во бројните региони во светот, вклучувајќи го и Блискиот исток, да ја осудат руската инвазија и да ја прекинат соработката со Москва.