Саудискиот престолонаследник предлагал убиство на кралот Абдула

Саудискиот престолонаследен принц Мохамед бин Салман

Престолонаследникот кој де-факто е владетел со Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман, предложил сега покојниот крал Абдула да биде убиен со „отровен прстен“, изјавил поранешниот главен саудиски разузнавачки функционери Саад ал-Џабри, во интервјуто за американската телевизска мрежа CBS News.

Според тврдењето на Саад ал-Џабри, принцот Мохамед бин Салман уште во 2014 година на свој роднина му кажал дека сака да го отстрани кралот Абдула за да го исчисти патот до престолот за својот татко кралот Салман. Во тоа време, додава, имало тензии во владејачкото саудиско семјество, кој ќе заседна на тронот.

Саудиската влада реагираше на таквите тврдења и го нарече ал-Џабри „поранешен дискредитиран функционер со долга историја на измислици“.

Ал-Џабри во споменатото интервју вели и дека престолонаследникот Мохамед бин Салман е „психопат, убиец со неограничени ресурси на Блискиот исток, кој претставува закана за својот народ, за Американците и за планетата“.

Поранешниот челник на саудиското разузнавање тврди дека принцот во 2014 година на својот роднина, принцот Мохамед бин Најеф, тогашен министер за внатрешни работи, му предложил да организира убиство на кралот Абдула.

„Му рече: ‘Сакам да ги убијам кралот Абдула. Добив отровен прстен од Русија. Доволно мие да се ракувам со него и ќе биде готов’. Без разлика дали само се шегувал… тоа го рече и ние тоа го сфативме сериозно“, вели ал-Џабри.

Кралот Абдула почина во 2015 година во 90-та година, а го наследи неговиот полубрат сега кралот Салман, таткото на Мохамед бин Салман, го именуваше споменатиот Мохамед бин Најеф за престолонаследник.

Две години подоцна бин Најеф на позицијата престолонследник го замени бин Салман. Бин Најеф ја загуби функцијата министер за внатрешни работи, и наводно биле ставен во домашен притвор пред минатата 2020 година да биде притворен под непознато обвинение.

По смената на Мохамед бин Најеф, Саад ал-Џебри пребегал од Саудиска Арабија во Канада.

Во интервјуто вели дека пријател од неименувана блискоисточна разузнавачка служба го предупредил дека Мохамед бин Салман во октомври 2018 година испратил по него екипа убијци, само неколку дена откако саудиските агенти го убија саудискиот дисидент Џамал Кашоги во Турција кој, исто така, претходно пребега во САД.

Ал-Џабри вели дека група од шест лица слетале на аеродромот во канадската престолнина Отава, но биле депортирани откако цариниците кај нив откриле „сомнителна опрема за ДНК анализа“.

Принцот Мохамед бин Салман ги негира обвинувањата, како и вмешаноста на Кашоги, иако американските и турските разузнавачки агенции оценуваат дека тој ја одобрил операцијата за свирепото ликвидирање на новинарот во саудискиот конзулат во Инстанбул.