![Nunjo Espirito Santo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/Nunjo-Espirito-Santo.jpg?resize=620%2C413&ssl=1)
По серијата лоши резултати, челниците на Ал Итихад, фудбалскиот шампион на Саудиска Арабија, му врачија отказ на досегашниот тренер, 49-годишиот Португалец Нуњо Еспирито Санто.
Ал Итихад, клубот чија главна ѕвезда е поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, е без победа во домашниот шампионат во последните пет натпревари. Во тој период трипати ремизираа и двапати загубија и како последица на таа криза се лизнаа на моментално шестото место на табелата.
Покрај тоа, оваа недела агубија оваа недела во азиската Лига на шампиони од ирачкиот Ал Кува со 0:2, иако сѐ уште се водечки во својата група Ц.
Клубот објави дека Еспирито Санто привремено ќе биде заменет од неговиот помошник Хасан Калифа.
Нуњо Еспирито Санто дојде во Ал Итихад во јули 2022 година, а пред тоа работеше во португалските клубови Рио Аве и Порто, шпанска Валенсија, додека од 2017 до 2022 година беше во Премиер лигата каде беше тренер на Вулверхемптон и накратко на Тотенхем.