Саутгејт: Со Македонија нема да биде лесно, ќе играме во најсилен состав

Првиот циклус за квалификациите за Евопското првенство 2024 заврши, а Англија во нашата група како и што се очекуваше се издвои како главен фаворит за првото место со две победа.

Англија забележа две победи, против Италија на гости и Украина дома, па така Англичаните со две победи се убедливо на првата позиција. По натпреварот со Украинците, новинарите го прашаа дали во јуни кога Англија ќе игра со Малта и Македонија ќе одмара некој од првите ѕвезди.

„Против Македонија ќе излеземе во најсилен состав, не смееме да мислиме дека ќе биде лесно. Ако не ги повикаме најдобрите, ќе испратиме погрешна порака. Ние играме за Англија и во секој натпревар ги користам најдобрите што ги имам на располагање“, порача англискиот селектор.

Македонија во тој циклус на 19-ти јуни ќе гостува на Англичаните на „Олд Трафорд“, а три дена подоцна дома ќе ја пречекаме Украина.