Партијата „Левица“ бара промена на Законот за плати и надоместоци со цел привилегиите на пратениците засега ги уживаат итно да се сменат. Оттаму велат дека треба да се направат измени во делот на можностите за користење на патните трошоци, апанажа, К-15, надоместоците за облека и кафиња.
„Се слушаат гласини дека пратениците земаат надоместоци за облека и кафиња повисоки од минималната плата во РМ. Ако е точна информацијата тогаш тоа ќе биде срам за пратениците“, велат од партијата.
Здравко Савески од „Левица“ посочи дека измените во Законот за плати и надоместоци на пратениците, за нив е приоритетен проблем, а не Законот за јазиците.
„Додека елитите нé грабаат, ние се мразиме. Ова е само начин на елитите да го одвлечат внинието од вистинските проблеми“, посочи Савески.