Толку висока невработеност сме немале осум години, од 2012 година, коментира на Фејсбук Здравко Савески, доктор на политички науки, синдикалец и активист, анализирајќи ги бројките од Агенцијата за вработување.
-Речиси 50.000 повеќе невработени се регистрирани во Агенцијата за вработување од почетокот на годината. Сега наградното прашање. 50.000 лица за македонски стандарди ви е големина на еден средно голем град. Зошто нема социјално незадоволство, првенствено од овие 50.000 луѓе што изгубиле работа?, прашува Савески.