
На списокот на Савевски нема поголеми изненадувања од повиканите репрезентативки кои се дел од репрезентацијата и ги играа двомечите со Црна Гора и со Словенија во рамките на овој Еуро-куп, како завршна подготовка пред Европското првенство за кое Македонија е ко-домаќин на крајот на годинава.
Собирот на репрезентацијата е на 18 април во хотелот „Александар Палас“, а мечевите се на програмата на 21 април во Скопје, односно на 24 април во Бекестуа.