Ставрески: Во следните шест месеци ќе има близу 4.000 нови вработувања

На краток рок во следните шест месеци ќе има близу 4.000 нови вработувања во фабриките на странските инвеститори. Следните години се очекуваат над 20.000 вработувања согласно предвидувањата на Светска Банка и на ММФ, но и на Владата.

Владата во изминатите години покажа дека прави многу како за домашните така и за странските компании во Република Македонија, нагласи заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на пратеничко прашање на Магдалена Манаскова.

Голем број реформи за поддршка на домашните и странските компании

Во делот на поддршката на домашние фирми Ставрески посочи дека се направени реформи кои што се однесуваат на даночните олеснувања за водење бизнис, и како што рече Македонија е земја со најниски даноци во светот. Понааму тој се осврна на проектот регулаторна гилотина, а, како што потенцира, инфраструктурните услови се одржуваат на добро ниво, односно се градат автопати и други патишта.

Во делот на реформите што се прават за поддршка на домашните компании, Ставрески го напомена и капиталниот проект „Македонија вработува“, со кој како шо рече, се овозможува бизнисмените да вработат луѓе и неколку години да бидат ослободени од плаќање придонеси.

За странските компании, Ставрески посочи дека нивното влијание е повеќекратно, од воведувањето нови технологии и производството на производи кои имаат поголема додадена вредност, но и образованието со кое што се стекнуваат домашните компании преку сорабоката со странските инвеститори.

Најголем работодавач во моментов е фабриката „Дрекселмајер“ во Кавадарци
Најголем работодавач во моментов е фабриката „Дрекселмајер“ во Кавадарци

Тука исто така го напомена и големиот број на нови вработувања кои што се реализираа токму во фабриките на странските инвеститори.

Компаниите кои што се во Технолошко индустриские развојни зони или работат во индусриските зони досега реализираа 13. 441 вработување. Тоа се значаен број на работни места, тоа се 13.441 семејство, посочи Ставрески.

Тој потенцира дека најголеми работодавачи во моментов е фабриката „Дрекселмајер“ со 5.538 рабони места и „Кромберт и Шуберт“ во Битола. По нив следат „ Џонсон Контролс“ во Штип, „Ванхол“,  „Џонсон мети“ и „Амфенол“ итн.

Станува збор за креирање на работни места кои што се значајни затоа што овозможуваат вработување на луѓе со средно и со високо образование, но и со стручно училиште, рече вицепремиерот.

Нови 4.000 вработувања во следните шест месеци

Тој најави дека бројот на вработувања во овие компании понатаму ќе расте. Притоа се осврна и на бројот на вработувања во компаниите што сега се во изградба во моментов, како што е „ОДВ-Електрик“ која вчера почна да се гради  и во која се планирани 1.000 вработувања. Во оваа фабрика првично има 87 вработени, а дел од лицата веќе се испратени на обука.

1.000 нови вработувања во „ОДВ Електрик“
1.000 нови вработувања во „ОДВ Електрик“

Понатаму тој се осврна и на новие вработувања во другите фабрики што во моментов се во изградба: КСС во Кичево, која планира да вработи 1.000 лица, „Техникал Текстајл“ во Штип 500 вработувања, „Гентерм“ во Прилеп 2.000 вработувања ( во оваа фаза 345 лица вработени).

Како што рече Саврески на краток рок во следните шест месеци ќе има близу 4.000 нови вработувања во фабриките на странските инвеститори. Следните години се очекуваат над 20.000 вработувања согласно предвидувањаа на Светска Банка и на ММФ, но и на Владата.

Тој потенцира дека е значајно тоа што голем дел од овие инвестиции ќе се реализираат во други градови, и дека тоа е една од стратегиите на Владата, инвеститорите да се решат да реализираат инвестиции во други градови низ Македонија.

Целта е невработеноста да се намали на 22 проценти или пониско

Тука како пример ги наведе инвестициите на „Маркарт“ во Велес каде има 600 вработувања, понатаму новата инвестиција во Струмица каде се планирани 1.500 вработувања, а како што рече, нови инвестиции се планираат и во Тетово и во многу други градови од земјата.

Притоа, Ставрески нагласи дека тоа ја подобрува сликата од аспект на вработеност.

Заедно со домашните и со странските фирми направивме невработеноста да се намали од 36 на 26, 8 проценти. Но, целта не е да застанеме тука туку да направиме уште повеќе за намалување на невработеноста, рече Ставрески.

Тој нагласи дека со преоктот „Македонија вработува“ 6.200 лица нашле вработување, а како што нагласи се очекува според проекциите невработеноста на земјата да се намали на 22 проценти или пониско од 22 проценти, со што, како што нагласи, ќе се овозможи подобар животен стандард на граѓаните.