Одамна е познато дека порно филмовите не ги гледаат само мажи, туку и припадничките на понежниот пол. Исто така, исто како и мажите и жените понекогаш сакаат да оживеат некоја од жешките сцени од порно филмовите и да ја пробаат со својот партнер.
Со оглед на тоа дека сексот и понатаму за многумина е табу тема, три жени прифатиле анонимно да откријат кои сцени од порно филмовите прифатиле да ги внесат во нивната спална соба и за кои не се покајале, бидејќи тоа за нив било мошне возбудливо искуство, пренесува stil.kurir.rs.
Една од најголемите женски фантазии е сексот на јавно место, а тоа беше и мојата. Тој спонтан, жежок секс никогаш нема да го заборавам! Ви советувам само да најдете место на кое што ќе можете да се препуштите на страстите а никој да не ве види. На пример, авион, парк ноќе, гардероба во шопинг центар и слично, вели една од дамите.
За жал секси играчките за многу жени се нешто што го чуваат само за себе. Штета – ако остане така, никогаш нема да си поминат како мене! Верувајте ми вибраторот во рацете на мажот, играта со топчиња или прстенот за стимулација гарантираат страст за која не сте ни знаеле дека постои. Тоа беше оргазам што никогаш нема да го заборавам.
Партнерите што се во долга врска воглавно пробале се и сешто, но никогаш не треба да се заборави дека сексот е игра без граници и тоа го говорам од искуство! Кога јас и мојот сопруг дојдовме до таа точка и кога имавме пробано се, собрав храброст и му реков дека сакам да пробаме анален секс, а тој ми предложи секс меѓу гради. Ги пробавме и двата и за двајцата тоа беше неверојатно добро искуство. Сега и овие два „облици“ на секс се на нашиот редовен репертоар, открива трета дама.
Накратко според овие три жени, ова се некои сцени од порно филмовите што треба да се пробаат. Вие самите треба да процените дали сте подготвени да го пробате она што според нив навистина вреди да се проба.