СДА со поддршка за Силјановска Давкова

Партијата за демократска акција – Страна за демократска акција (СДА) на бошњачката заедница во Македонија во петокот се приддружи на останатите заедници како влашката и турската со повик до своето членство и сипматизерите в недела на вториот круг од претседателските избори својот глас да го дадат за кандидатката на опозицијата Гордана Силјановска Давкова.

„По повод претстојните претседателски избори во Македонија, Странка на демократска акција во Македонија – СДА која цели 28 години на автентичен начин ги застапува интересите на Бошњаците во Македонија, со сиот свој со право стекнат кредибилитет ги повикува сите граѓани на Македонија со посебен акцент на Бошњаците масовно да излезат на 5-ти мај и да го изберат патот на правдата во Македонија, која ќе ги победи сите неправди и понижувања кои ни ги нанесе изминатите две години оваа ненародна власт.

Да гласаме за проф. Гордана Сиљановска Давкова, да гласаме за победа на правдата над неправдата, за враќање на демократијата, слободата, Уставот, законите, за правната држава. Само со владеење на правото и правната држава можеме да одиме во ЕУ и НАТО, да изградиме и обезбедиме подобра иднина за нас, нашите деца и идните генерации во Македонија“, се истакнува во писмената изјава на Авдија Пепиќ,  претседател на СДА на Македонија