Се предлага скандалозна измена на Законот за јавни претпријатија, при што владејаачкото мнозинство предлага по скратена постапка да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици, кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите.
Тоа во практиката значи дека секое јавно претпријатие ќе добие заменик директор кој ќе вработи свој кабинет, а дополнително за него ќе треба да се одвојуваат дополнителни средства за телефон, службено возило, секретарка, како и асистенти, пишува Курир.мк
Во досегашното законско решение во отсуство на директорот се определувал вработен кој раководел со претпријатието.
Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.
Неофицијално, според собраниски извори целта на новото законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно. Целта е, според нашите извори, ДУИ и СДСМ да си вдомат свои кадри на државна и локална сметка.