
Опозициската СДСМ испрати соопштение со кое што демантира дека имало тепачка во нивните редови.
„Бесрамна лага се пишувањата на порталите под контрола на Никола Груевски, Курир и Нетпрес, за некакви несогласувања и наводен инцидент во СДСМ. Очајни, Никола Груевски, раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиумски послушници, фатени во криминал, наместени тендери и корупција, спас бараат во измислици. Лажните информации што ги пласираат владините медиуми говорат за агонијата и безизлезот во коишто се потонати премиерот Груевски и неговите најблиски соработници“, стои во реакцијата на партијата.
Според нив, комични биле ваквите обиди да се прикриеле облиците на владеењето.