СДСМ добива милиони од Милчин и Сорос

Фондацијата СОРОС на чие чело стои Владимир Милчин е позната по финансирање на активностите кои ги спроведува опозицијата. Добро познато и јасно е дека зад разните протести на кои протестираа навидум независни, а всушност партиски активисти на СДСМ, стои силна финансиска поддршка од Милчин, пишува порталот Курир.

За актуелниот советник на лидерот на СДСМ Зоран Заев многу пати досега медиумите информираа дека тој троши огромни суми за финансирање на медиуми, невладини организации и новинари кои имаат задача да плукаат по владините проекти, мерки и политики. Но, тука е и случајот каде Милчин со сума близу 200.000 евра финансирала и осомничени во случајот „Пуч.“

Невладината на актуелниот советник на Заев од своето основање во земјава до денеска потрошила близу 100 милиони евра за финансирање политики главно насочени во поддршка на СДСМ. Огромни суми се трошат и за медиумите на опозицијата кои ги раководат луѓе кои се качуваат  на говорниците на партиските митинзи на опозицијата.

Имајќи во предвид дека оваа Фондација отворено ги поддржува и финансира медиумите кои имат улога да ги бранат ставовите и активностите на СДСМ, како Плус инфо, Либертас.., но и невладините организации кои ги поддржуваат политиките на опозицијата, според познавачите комплетиран е мозаикот кој постои меѓу СДСМ и СОРОС.

За парите кои ги дава Сорос за да управува со медиумите посведочи и Саше Политико кој изјави дека Милчин за парите кои му ги дал за неговиот медиум одредувал кој ќе пишува колумни. Голем број на самопрогласени експерти биле богато платен за своите активности.

Финансирањето на Милчин и потрошените близу 100 милони евра отвораат сомнеж дека огромна сума од овие пари завршувале во приватни џебови кај луѓе кои важат за пулени на СДСМ.

Финансирање обвинети

Покрај медиумите и невладините организации од парите на фондацијата на актуелниот советник на Заев се офајдиле и осомничени во случајот „Пуч“.

Имено, пред три месеци медиумите објавија дека само во последните четири години на сметка на сопругата на петто осомничениот, легнале 130.000 евра.

Повеќе години СОРОС го финансира семејството на петто осомничениот. Изминатите години износот кој на сметката на сопругата бил исплатуван достигнува речиси 200.000 евра. Месечните исплати кои завршувале на оваа сметка се меѓу 2.000 и 3.000 евра. Иако сопругата на петто осомничениот се води како вработена во Фондацијата Сорос на Милчин, ваквата сума на месечна плата сепак е преголема за македонски услови.

Сорос партиски активист во Македонија

Уредникот на „Нешнл ревју“,Џеј Нордлингер пишува дека фондацијата преку финансирањето медиуми во Македонија станува отворен партиски активист.

-Тој станува отворено партиски ориентиран активист кого не го интересираат демократските процеси, туку, единствено, истура милиони долари во поддршка на левицата, и тоа на тврдата левица, преку низа невладини организации. Еден конзервативец ми кажа дека Сорос дошол во Македонија како тројански коњ, а се претворил во октопод- пишува уредникот на „Нешнл ревју“, Џеј Нордлингер, во својот текст објавен во електронското издание на неделникот.

Тој додава дека соросоидите се добро позиционирани и ја претставуваат Македонија како земја во која демократијата е нарушена за што секако се добро платени.

Извор: Курир.мк