
Од СДСМ соопштуваат дека тивкото шурување со оние кои подгреваат поделби меѓу граѓаните, конфликти и националистички активности го става и ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на страната на деструктивните сили.
– Договорот не е капитулација туку значаен, историски успех за народ кој што бил негиран и оспоруван. Македонскиот идентитет не беше „стекнато право„ како што сега тврди Мицкоски. Дури и неговиот претходник, Никола Груевски, во повеќе јавни настапи тврдеше дека Грција никогаш нема да прифати македонски јазик и македонска нација. Договорот токму тоа го обезбедува.
Мицкоски, граѓаните ќе го имаат последниот збор. Волјата на граѓаните на референдум е обврзувачка“, реагира СДСМ.