![153286094_467310151301799_4131607599525355069_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/153286094_467310151301799_4131607599525355069_n.jpg?resize=696%2C701&ssl=1)
Откако во медиумите се објави дека СДСМ на своите официјални профили на социјалните мрежи, скандалозно споделуваат оглас во кој се бараат реонски попишувачи и инструктори за најавениот попис, од партијата ги избришаа спорните објави.
Кај јавноста логично се создаде верување дека пописот што го организира Владата, ќе се спроведува од членови на СДСМ, при што би спроведувале насоки на премиерот Зоран Заев.
Инаку, конкурсот за попишувачи беше објавен од Државниот завод за статистика, надлежна институција за спроведување на пописот.