СДСМ ги објави имињата на уште пет кандидати за градоначалници

Вечерва на седница на Извршниот одбор на партијата, беа дефинирани уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, вечерва дефинирани се дополнителни пет кандидати за градоначалници, информираат од СДСМ.

Ѕвонко Пекевски ќе биде социјалдемократскиот кандидат во Берово, повторно по функцијата ќе трча досегашниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, Борис Георгиевски, а  Јасмина Гулевска е кандидат за Могила. СДСМ во Неготино го канидидира Тони Делков а во општината Ранковце кандидат е Даниел Крстевски.