СДСМ и Заев ги излажале пензионерите, ВМРО-ДПМНЕ ветува подобрување нанивниот стандард

На средбата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и неговите соработници со пензионерите е констатирано огромно незадоволство од политиките кои владата на СДСМ и Зоран Заев ги водат изминатите речиси три години. Притоа пензионерите нагласиле дека СДСМ и Заев ги излажале и изманипулирале кога ветувале дека ќе го подобрат нивниот стандард и ќе ги покачат пензиите, посочувајќи го и последното покачување на пензиите од само 36 денари, додавајќи  дека се чувствуваат понижени и изневерени од страна на Заев и СДСМ.

На средбата е констатирано дека околу 40 отсто од пензионерите во Македонија земаат пензија под 12.000 денари, односно половина од пензионерите се на граница на економското опстојување, дури и под таа граница. Пензионерите се чувствуваат изманипулирани и во однос на методологијата за пресметка на валоризацијата на пензиите и во однос на пензиската членарина која ја користат пензиските организации.

„Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе низа на проекти и мерки за оваа група на граѓани, но, како што посочија пензионерите на средбата, владата на СДСМ, Заев и Царовска ги укинале истите, неводејќи грижа за  пензионерите.

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека со формирање на новата влада ќе воведе мерки и проекти за сите категорија на граѓани вклучувајќи ги и пензионерите и нивните потреби и барања за подобар, поквалитетен и повисок стандард“, наведуваат од оваа партија.