СДСМ денеска во соопштение наведува дека во државава треба да проработи здравиот разум и оти претседателот Ѓорге Иванов треба да се овозможи мирен трансфер на власта.
– Цела домашна и меѓународна јавност гледаат што се случува. Никаков патриотизам не е во прашање – криминали се. Затоа лидерите и институциите на ЕУ, преку претседателот на Европскиот совет Доналд Туск побараа демократски начела, пристојност и здрав разум од Ѓорге Иванов. Никој не смее да го кочи заедништвото кое е јасно нагласено и за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од СДСМ.
Истануваат дека за заедништво, промени и правда се изјасниле над 700.000 граѓани на Македонија, чиишто гласови се преточени во 67 пратенички мандати.
– Тоа е демократски формирано парламентарно мнозинство, кое што застана зад претседателот на СДСМ Зоран Заев и мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира. Ќе се формира новата реформска влада на граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението.