Социјал-демократскиот сојуз испрати соопштение во кое вели дека “ќе одговараат за загрозување животи сите кои учествуваа во вечерашното насилство во Парламентот, како и за сите други злодела нарачани и спроведени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ”.
“Крвавото насилство во Парламентот е резултат на насилието на кое што изминатиот период повикуваше Никола Груевски, како и провокациите, омразата, поделбите поттикнати од Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници и поддржувачи.
Сериозно се повредени пратеници, претставници на граѓаните што е врв на нецивилизираниот однос на овие луѓе кои се подготвени да жртвуваат се, за да се обидат да избегнат одговорност.
На очиглед на целата домашна и меѓународна јавност паднаа маските и режимот е разобличен до крај”, вели СДСМ.