Време е ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себеси и наместо да шири невистини да се вклучи во процесите ЗА членство на Македонија во ЕУ и НАТО со зајакнат и заштитен македонски идентитет.
Иднината на Македонија и нејзините граѓани се над сите политички партии, порачуваат во средата од владејачката СДСМ на претходната реакција на најголемата опозициска партија.
Од СДСМ во реакцијата тврдат, исто така, дека влезот во Европската унија и НАТО со заштитен македонски идентитет е многу поголемо прашање од дневно политичките полемики.
„Не е точно дека со постигнатиот Договор со Грција се загрозуваат македонскиот идентитет и македонската посебност. Не е точно ниту дека се бришат поимите Македонија и македонски. Напротив, со Договорот термините Македонец, македонската, македонски се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува“, се истакнува во партиското соопштение.
Од СДСМ токуваат и дека според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува територијата, јазикот, народот, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.
„Тоа е вистината. Во име на вистината и во име на иднината, потребно сите политички субјекти вклучително и ВМРО-ДПМНЕ де се приклучат на процесот што ја обезбедува македонската иднина, да го повикаат своето членство масовно да излезе на референдумот ЗА влез во ЕУ и НАТО“, се заклучува во реакцијата.